четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Фото+видео) „Глас за дедо Партениј“ – Голем број верници на протест пред МПЦ-ОА!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голем број на верници денеска спротестираа против оневозможувањето на отец Партениј да го наследи покојниот господин Тимотеј во Синодот на МПЦ-ОА.

Aрхиепископот Стефан го унапреди во јероѓакон и јеромонах поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски и го предложи за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ова предизвика реакција кај приврзаниците на отецот Партениј од Бигорскиот манастир.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор?! За да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е викарниот епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква!“, стои во соопштението кое вчера беше испратено до медиумите и верниците.

ЛИНК од видеото

Поврзани вести