четврток, 12 ноември 2026
Најново

ФОТОГРАФИЈАТА ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Натовари сè што можеше на стар автомобил, па тргна да ѝ помогне на Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На социјалните мрежи се шири трогателна фотографија од Азербејџанец кој го натовари својот стар дотраен автомобил со работи и тргна да и помогне на разурнатата Турција од земјотресот.

Повеќе од 17.000 луѓе ги загубија животите во разорните земјотреси. Бројките сè уште растат, а хуманитарната криза се повеќе ескалира. Првата земја која и пријде на помош на Турција е Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош.

ФОТОГРАФИЈАТА ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Натовари сè што можеше на стар автомобил, па тргна да ѝ помогне на Турција

Од трошна куќа до опустошена Турција

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Еден од нив е и Сервер Беширли кој со својот брат го наполнил стариот автомобил со работи и од својата трошна куќа во Баку тргнал кон Турција.

  • И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помагавме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние што живеат во други земји. Бев сведок на ситуација кога една девојка дојде, го соблече палтото и го даде во хуманитарни цели, рече тој, цитиран од Index.hr

Симбол на солидарност

Неговиот благороден чин трогна многу луѓе, особено откако ги дознаа условите во кои и самиот живее, а многумина коментираа дека секогаш најмногу даваат поддршка на оние кои имаат најмалку.

Фотографијата стана симбол на солидарност и заедништво, а само на Твитер е прегледана 4 милиони пати и споделена речиси 12.000 пати, со што е соборен рекордот за споделување на социјалните мрежи.

Поврзани вести