ФОТО | Вака денес изгледа ќерката на Рос и Рејчел од „Пријатели“, која беше бебе во серијата

Бебето Ема беше ќерка на Рос (Дејвид Швимер) и Рејчел (Џенифер Анистон) во серијата. Сепак, многумина не знаат дека всушност се работи за две девојчиња близначки.Девојката Ема ја играа сестрите близначки Ноел и Ками Шелдон. Многумина се изненадени кога ќе сфатат колку време поминало и дека Ноел и Ками денес имаат 22 години.По завршувањето на емитувањето на „Пријатели“, многумина повеќе не слушнаа за нив, но продолжија да се појавуваат во серии и кратки филмови. Активни се на социјалните мрежи и често споделуваат фотографии, а обожаваат и патувања. Тие се уште глумат. Тие неодамна дипломирале на Универзитетот во Калифорнија. View this post on Instagram A post shared by Noelle Sheldon (@noelle.sheldon)Ситкомот „Пријатели“ е една од најпопуларните серии на сите времиња, а ги следи животите на шест ликови: Рејчел (Џенифер Анистон), Моника (Кортини Кокс), Фиби (Лиза Кудроу), Џои (Мет Лебланк), Чендлер ( Метју Пери) и Рос (Дејвид Швимер), кои сакаат да ги остварат своите соништа во големиот град Њујорк и спонтано да станат пријатели за цел живот.Рејчел сака да работи во модата, Моника сонува за кариера како готвач, Џои се труди да стане познат актер, Рос е палеонтолог кој не може да најде среќа во љубовта, Фиби навистина имала тежок живот, но тоа не не ја спречи да биде една од најпозитивните личности во серијата, а Чендлер работи во голема корпорација и има саркастичен поглед на светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: