Едно лице загина, а околу дваесет се повредени кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда во Милано, додека причината за несреќата сè уште не е утврдена.
Трамвај излета од шините и се удри во зграда во Милано, северна Италија, во петокот, при што загина едно лице, а околу дваесет беа повредени, изјави за АФП извор од полициската префектура.
Сè уште не е познато зошто трамвајот излетал од шините во градот, каде што моментално се одржува Неделата на модата. На местото на несреќата биле видени неколку амбулантни возила, потврди новинар на АФП.
Полицијата го блокираше целиот простор околу местото на несреќата, спречувајќи ја толпата да се приближи.
„Слушнав силна експлозија“, изјави за АФП 27-годишната Ана, која во времето на несреќата била во блиската канцеларија.
„Видов како тој дел од трамвајот удри во продавницата“, додаде таа, не сакајќи да го открие своето презиме.
ITALIE : Au moins un mort et 20 blessés dans le déraillement d'un tramway à #Milan, qui s'est encastré dans un immeuble (police). pic.twitter.com/9WpwioJ7X1— Infos Françaises (@InfosFrancaises) February 27, 2026
„Мислев дека е земјотрес“, изјави еден од патниците за новинската агенција Анса. „Седев и одеднаш се најдов на подот со другите патници. Беше ужасно“, додаде тој.
Жолто-бел трамвај беше видлив на средината од патот во една населба во Милано, недалеку од историскиот центар на градот.
The post (ФОТО/ВИДЕО) Први снимки од местото на катастрофалната трамвајска несреќа во Милано: „Мислев дека е земјотрес“, полицијата го блокираше целото подрачје appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



