(Фото) ВРИЕ во ВМРО-ДПМНЕ: Оставки фрштат на Вибер пред соопштувањето на пратеничките листи! – „Повеќе не сум член на ВМРО-ДПМНЕ“

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата се очекува да ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста.

Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска.

Но само на неколку часа пред официјалното објавување на листите расте незадоволството помеѓу членовите на партијата кои се незадоволни очигледно од пратеничките листи, но и од новопечените коалициони партнери на Христијан Мицкоски.

Извесен Зоран Николовски од Битола, поранешен директор на музејот во Битола поднесе неотповиклива оставка од членството во ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека се чувствува како бескорисен во партијата.

-Почитувани колеги од комисијата за култура, чувствувам должнот и морална обврска да Ве информирам дека вчера дадов оставка од моето членство во партијата ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја дадов од лино причини, но најповеќе (тоа беше пресудно), заради моето повеќегодишно чувство на БЕСКОРИСНОСТ во партијата. Во моето 25 годишно членство, никогаш не сум бил само декор, како што бев последните 3-4 години. Јас во ВМРО-ДПМНЕ се зачленив само и само за да допринесам и да го дадам максимумот од себе (онолку колку што можам), а не од себични, алчни или други причини. Ви благодарам на досегашната соработка и ви посакувам успех, Со почит Зоран Николовски.

Како што дознава Инфомакс од високи извори во ВМРО-ДПМНЕ, незадоволството помеѓу членството на партијата е на рекордно ниво поради имињата кои ќе се најдат на листите на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од нив никогаш не биле членови на партијата, дел биле членови на други партии или неактивни кога биле најтешките моменти за партијата.

Незадоволство помеѓу членовите кои се навредени има и од новата коалиција со Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, Петар Богојески и Павле Трајанов, луѓе кои многу му наштетиле на ВМРО-ДПМНЕ со своето политичко делување, а учествувале и во промената на името на државата.

Детали за новите коалициони на ВМРО-ДПМНЕ можете да прочитате тука:

(Видео) Ја потврди коалицијата: Мицкоски голташе кнедли кога го прашаа за Бошковски, Ангелов, Богојески и Трајанов – тврди дека ја препознале програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Пронајдете не на следниве мрежи: