(Фото) Доналд Трамп и Меланија се „бутнаа“ во првиот ред на погребот на Папата

Додека свечениот погреб на папата Франциск се одржува во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, американскиот претседател Доналд Трамп привлекува внимание со тоа што седи во првиот ред, каде што, според претходно објавениот протокол, треба да седат само кралеви и кралици од католичките земји.

Според ватиканскиот протокол, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија требаше да седат во третиот ред на погребот на папата Франциск. И сепак, тие ги зазедоа своите места – во првиот.

Американскиот претседател седи со другите шефови на држави во првиот ред, во близина на скалите на базиликата „Свети Петар“. И интригантно, тој и првата дама Меланија седат помеѓу двајца верни поддржувачи на Украина. Естонскиот претседател Алар Карис е лево од Меланија, а финскиот претседател Александар Стуб е десно од Трамп.

Како и зошто се случила промената во протоколот е нејасно, особено затоа што Трамп не е единствениот исклучок. Францускиот претседател Емануел Макрон, на пример, е во истиот ред.

Информацијата дека американскиот претседател ќе седи едвај во третиот ред изненади многумина, но токму тоа го налагаа строгите правила на Ватикан.

Да потсетиме дека односот на Доналд Трамп и покојниот Папа беше обележан со бројни несогласувања, од миграцијата до заштитата на животната средина и ситуацијата во Газа.

Но, тоа не е единственото изненадување во распоредот на седиштата. Принцот Вилијам седи во третиот ред од едната страна на германскиот канцелар Олаф Шолц, а од другата е дел од италијанската делегација. Другиот дел од италијанската делегација седи во првиот ред, веднаш до германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Пронајдете не на следниве мрежи: