(Фото) ЗАМИНАА НА МОРЕ: Долга колона возила на граничниот премин „Богородица“

Во земјава од утре следуваат три неработни дена поради празникот на словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Покрај тоа што има три слободни дена за користење, многу од граѓаните се упатуваат кон Грција уште попладнево по завршување на последниот работен ден.

Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ во овој момент се гледа голема фрекфенција и гужва на граничниот премин „Богородица“ за влез кон Грција.

Утре се очекува уште поголеми гужви, особено од рано наутро, додека слична ќе биде ситуацијата на сите гранични премини низ државава.

Пронајдете не на следниве мрежи: