четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Фото) Затвореници од струмичкиот затвор отидоа во театар, ја проследија комедијата „Стилист“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управата за извршување санкции информира дека денеска била реализирана организирана посета на театар за осудените лица во Казнено-поправната установа Затвор Струмица.

КПУ Затвор Струмица во соработка со НУЦК „Антон Панов“ Струмица организираше културна посета на театар за група на осудени лица. Настанот се реализираше во рамки на програмата за ресоцијализација и рехабилитација преку култура и уметност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Осудените лица имаа можност да ја проследат театарската комедија „Стилист“.

-Оваа активност претставува дел од поширокиот напор за хумано постапување и подготовка на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и враќање во општеството. Посетата се одвиваше под строго утврдени безбедносни мерки и со претходна согласност од надлежните институции, информираат од Управата.

Поврзани вести