четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Фото) Каква е оваа држава?! Повеќе од 100 деца заглавени во соседна Албанија – испратени биле на натпревар во карате со неисправни автобуси , родителите гневни затоа што животот на нивните деца е ставен во ризик!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во средата во организација на Карате федерација на Република Северна Македонија биле испратени два автобуси со околу 100-тина деца, млади каратисти на меѓународен натпревар во карате во Црна Гора поточно Балканско првенство.

За да се натпреваруваат македонските каратисти репрезентативци нивните родители платиле по околу 210 ева по дете, а за возврат животот на нивните деца бил ставен во ризик, велат родителите за Инфомакс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Проблемите започнале уште во средата кога автобусите требале да тргнат од Скопје околу 12 часот. Првите два автобуси кои пристигнале биле дефектни па истите воопште не тргнале на пат. Патувањето се одложило два часа, а наводно од автобускиот превозник биле доведени два нови автобуси кои требало безбедно да ги одвезат децата до Црна Гора.

Голготата на младите спортисти кои се малолетни не завршува тука па така хотелот во кој биле сместени бил полн со бубачки и мувла, а храната која им била понудена на децата била дотолку катастрофална што ниту едно од децата не јадело од истата.

Но можеби најстрашното искуство кое го имале младите македонски карате репрезентативци е последниот дефект кој го имал еден од автобусите.

Имено во среде возење едниот од двата автобуси останал во квар заглавен среде пат во соседна Албанија.

Децата со часови се заглавени во соседството, а родителите се исклучително загрижени бидејќи голем дел од младите каратисти останале без батерии на нивните телефон.

Родителите гневни прашуваат каква е оваа држава која дозволува нејзината иднина, младите спортисти да патуваат со небезбедни и неисправни автобуси?

Сите надлежни органи мора да одговорат како е можно после неколку катастрофални несреќи со автобуси може ова уште да ни се случува?!

Поврзани вести