(Фото) Оштетиле три носечки столбови на зграда за да постават клима уреди!

Во зграда во Штип се оштетени три носечки столбови за да се постават клима уреди. Столбовите се со дупки за да може да се постави клима уред, а на фотографиите се гледа и арматурата на столбот.

Како што пренесоа гледачи на Инфомакс, случајот е пријавен и до Општината и до Центарот за управување со кризи, но и по два месеци од пријавата никој не реагира.

Се работи за зграда на улицата Енгелсова во штипската населба 8 Ноември.

Инфомакс го контактираше градоначалникот Иван Јорданов во текот на вчерашниот ден. Тој рече дека ќе провери зошто не е постапено по пријавата до општинската инспекција.

Пронајдете не на следниве мрежи: