ФОТО | Погледнете како изгледа ирската претставничка без шминка, малкумина би ја препознале

Ирска во финалето на Евровизија ја претставува Bambie Thug со песната Doomsday Blue, која е еден од фаворитите за победа и е петта во обложувалниците, а нејзиниот настап многумина на социјалните мрежи го оценија како „сатански“.Бемби е родена како девојче во Корк на 6 март 1993 година. Таа се идентификува како небинарна личност и претпочита заменките „тие“ да се користат за неа. На Бамби и бил дијагностициран АДХД, или нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание, во раното детство. Бемби е автор на негјзиниот сопствен жанр на музика наречен Ouija-Pop. Оваа категорија ја создава затоа што не сака да биде ограничена на еден звук, а поради тешката шминка што ја користи за нејзината сценска личност, ретко кој би ја препознал без неа.
“Ќе ги налутам оние на кои им треба. Оние кои ја ограничуваат љубовта, сочувството, разбирањето… Луѓето од екстремната десница, оние кои не прифаќаат трансродови луѓе, дури и неколку свештеници се налутија”, изјавила Бамби пред Евровизија, која верува дека она што ја прави посебна е „queer и вештерка“.

Пронајдете не на следниве мрежи: