четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Фото) Почна протестот за правда за Фросина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голем број луѓе почнаа да се собираат пред Универзална сала за каде беше најавен почетокот на денешниот протест на кој роднините и пријателите но и граѓаните бараат правда за Фросина Кулакова.

22 годишната студентка по мода беше прегазена од несовесен возач токму на пешачкиот премин каде прописно ја преминуваше улицата на зелено светло.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дваесет годишниот возач, кој во моментов е во притвор во Шутка, со огромна брзина и под дејство на алкохол удри директно во Кулакова која почина од здобиените повреди.

Повикот за денешниот протест вчера го упади нејзината сестра Росица.

Семејството ја повикува Владата да продолжи со поддршката и да ги сослуша барањата што ќе произлезат на протестите, а пратениците активно да се вклучат во промената на законите.

На денешниот протест ќе се протестира и пред Влада, Собрание и пред Апелација.

Присутните на денешниот протест преку транспаренти и со гласни извици бараат правдата да излезе на виделина.

Револтот во јавноста особено се разгоре откако се дозна дека Јованов и претходно имал сообраќајни прекршоци за кои до несреќата не сносил одговорност.

Дополнително по несреќата се дозна и дека за него имало и кривична пријава за поседување дрога, но во овој случај судијата пресудил тој да биде упатен во поправен дом во Тетово.

Оваа мерка до прегазувањето на Фросина се уште ја немал почнато да ја отслужува.

Поврзани вести