четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Фото) Судијката Груевска Илиевска за случајот „Пулс“: Овој процес не треба да се брза, никој не знае дали ќе трае пет месеци или пет години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во судницата во Идризово денеска започна судскиот процес за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 63 лица.

Покрај обвинетите и бранителите во судницата се присутни и семејствата на загинатите, новинари од земјата и од странство, претставници на ОБСЕ, како и претставници на неколку амбасади.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На почетокот на денешната главна расправа претседателката на судечкиот совет, Дијана Груевска Илиевска, побара дисциплина од сите учесници во постапката, истакна дека нема да се толерираат отсуства од било која страна и ќе следуваат санкции за евентуални неоправдани боледувања.

Претседателката на судечкиот совет истакна дека овој процес не треба да се брза за да не се направат грешки.

„Никој не знае дали ова ќе трае пет месеци или пет години“, нагласи Груевска Илиевска.

Трагедијата во кочанската дискотека ПУЛС се случи на 16.03.2025 година. Во пожарот загинаа 63 лица. Меѓу обвинетите се сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов, поранешни градоначалници на Кочани, поранешни министри и останати функционери.

Процесот ќе го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.

Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.

Во судницата денес се присутни јавните обвинители Борче Јанев, Владимир Милошевски, Даниел Коцев, Дарко Јакимовски, Снежана Бундалевска, Јасмина Костеска Здравевска, Маја Тоневска, Анастасија Миланова, Славица Темелковска.

Поврзани вести