Арина Сабаленка пред два месеци го освои Австралија опен и ја одбрани титулата во Мелбурн, но неколку дена по лошото издание на Индијан Велс, Белорусинката доби исклучително лоша вест.
Белоруските медиуми ја пренесоа веста за ненадејната смрт на нејзиното момче, кое всушност беше познат хокеарски работник и поранешен професионален хокеар.
Константин Колцов починал на 42 години од досега непознати причини и оваа вест го погоди цело хокеарско опкружување во Белорусија и пошироко, но и сферата на тенисот со оглед на врската која ја имаше со последната шампионка на Австралија опен.
– Со голема жалост ве информираме дека почина нашиот тренер Константин Колцов. Тој беше силна и насмеана личност, беше многу сакам и почитуван од сите играчи и навивачи, – гласи објавата на неговиот клуб Салават Јулаев.
Пред да стане тренер, Колцов како играч беше дел од НХЛ лигата од 2002 до 2006 година, а како репрезентативец на Белорусија настапи и на две Олимпијади (2002 и 2010 година).
За жал, ова е втора животна драма за Сабаленка во краток временски интервал, бидејќи Белорусинката пред пет години остана и без својот татко Сергеј кој почина на 43 години.
Konstantin Koltsov’s death has been confirmed by his club
He was Sabalenka’s boyfriend & a former hockey player
Heartbroken for Aryna. She lost her father a few years ago… and now this.
Send Aryna & Koltsov’s family your prayers. They’re going to need them 💔🙏
(via… pic.twitter.com/GpjR8z2N8O
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 19, 2024