„Фрагментирана интроспекција“ од Слободан Милошески во Музеј на град Неготино




„Фрагментирана интроспекција“ од Слободан Милошески во Музеј на град Неготино

Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино денес од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од Слободан Милошески. Изложбата е составена од 14 скулпторски дела со галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 1 јуни.

– „Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација“ – вели историчарот на уметност, проф. д-р Џемил Бектовиќ, во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Милошески досега има реализирано 30 самостојни изложби, а учествувал на над 90 групни изложби во земјава и во странство. Член е на ДЛУМ од 2009 година, а во моментов работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.



Пронајдете не на следниве мрежи: