Доколку сте обожаватели на интересни комбинации на вкусови, тогаш сигурно ќе сакате да го пробате овој рецепт. Ако дополнително сте љубители и на индиската зачинета храна, ова е одличен начин да ги приготвите јајцата. Најдоброто од сè е што овој оброк има само 300 калории, па е одличен доколку внимавате на вашата фигура.
Фритата на индиски начин со само 300 калории
Потребни состојки:
3 белки
2 лути пиперки
Прстофат сол и бибер
Прстофат кари
1 зелена пиперка
1 кромид
Коријандер
1 домат
Начин на подготовка:
Во сад изматете ги белките, а потоа додајте ги ситно исечканите лути пиперки. Додајте бибер и сол по вкус и малку кари.
Во јајцата додајте ги и исечканата зелена пиперка и кромидот. За подобар вкус, додајте и малку коријандер. На крај додајте го доматот и изматете ја смесата.
На тава за пржење загрејте малку маслиново масло. Ставете ги јајцата и пржете неколку минути додека смесата не стане тврда. Потоа превиткајте го омлетот на половина и пржете уште неколку минути од двете страни.