четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фудбалер од македонски имиграциски клуб беше убиен во терористички напад во Австралија (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една од жртвите на терористичкиот напад во Сиднеј е Ден Елкајам, 27-годишен фудбалер на Рокдејл Илинден, клуб на Македонци имигранти во Австралија.

Оваа вест ја објави клубот кој се натпреварува во Премиер лигата на Нов Јужен Велс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во нападот, за кој австралиските власти велат дека го извршиле татко и син, на плажа за време на прославата на еврејскиот фестивал на светлината Ханука, беа убиени 16 лица, вклучувајќи и дваесет и седумгодишен француски фудбалер.

Елкајам беше член на Рокдејл Илинден, се пресели во Австралија пред неколку години и работеше како ИТ аналитичар во NBC Universal.

„Ден, 27-годишен Французин од еврејска вероисповед, живеел со својата девојка во источните предградија на Сиднеј и го обожавал австралискиот начин на живот. Тој се приклучил на нашиот тим како исклучително талентиран играч од средниот ред. Неговото насмеано лице и почитувачката природа многу ќе им недостигаат на неговите соиграчи и на сите што го познавале. Се молиме за него и неговото семејство“, се вели, меѓу другото, во соопштение потпишано од претседателот на клубот Денис Летер.

ФК „Рокдејл Илинден“ е клуб основан од македонски имигранти во предградието Рокдејл во Сиднеј во 1969 година, а својот најголем успех го постигна во 1984 година кога ја освои Премиер лигата на Нов Јужен Велс.

Поголемиот дел од играчкиот кадар од самиот почеток, па сè до денес, го сочинуваат Австралијанци од македонско потекло, па затоа почетниот состав моментално го сочинуваат капитенот Алек Урошевски, Џејмс Николовски, Џордан Граороски, Џејсон Чаковски, Метју Керемелевски, Мајкл Марчевски…

Поврзани вести