Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од дури десет места на најновата ранг листа, која во четвртокот ја објави ФИФА. ’Црвено-жолтите’ кои на рангирањето во март се наоѓаа на 73-то место, сега се позиционирани на 83-то место на ФИФА листата.Падот на ранг листата на ФИФА е резултат на двата порази од Белгија во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство, Белгијците ја совладаа Македонија во Скопје со 2:0 и во Брисел со 1:0.Од противниците со кои Македонија се натпреварува во квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2014 година, највисоко котира Хрватска која го бележи и најголемиот прогрес меѓу Топ 10 селекциите. Хрватите кои во март забележаа победи над Србија и Велс од деветото скокнаа на четвртото место на листата на ФИФА.Голем скок од дури 22 места забележа и репрезентацијата на Велс, која сега се наоѓа на 49-то место, Србија бележи пад од пет места и се наоѓа на 40-то место, Шкотска е на 77-та позиција, додека Белгија, по победите над Македонија се наоѓа на 16-то место, што е скок за три места во однос на претходното рангирање.Во Топ 10 се наоѓаат селекциите на Шпанија, Германија, Аргентина, Хрватска, Португалија, Колумбија, Англија, Италија, Холандија и Еквадор.
МакфаксМакедонската фудбалска репрезентација бележи пад од дури десет места на најновата ранг листа, која во четвртокот ја об