Функционерите ќе јадат сирења, кашкавали и ќе пијат млекце за 3,6 милиони денари

Службата за општи и заеднички работи на Владата набавува млеко, млечни производи и јајца за вкупно 3 милиони и 661 илјада денари.

Набавката е објавена на веб-страницата за јавни набавки, a во спецификациите стои дека се набавува овчо сирење со минимум 26 грама млечна маст и минимум 20 грама протеини, кашкавал мешан, овчи кашкавал, кравјо сирење сите со посебни спецификации за нутритивната вредност.

Исто така се набавуваат кајмак, путер, кравји млекца, повторно кравјо сирење, кашкавал и сирење, моцарела, јогурт, јајца…

Владата претходно склучи договор за набавка на месо за 8,3 милиони денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: