ФФМ ги пушти во продажба билетите за мечот Македонија-Белгија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), преку официјалниот дистрибутер „Mktickets“, ги пушти во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Белгија од квалификациите за Светското првенство 2014 година.
Во 24 продажни места низ државата во продажба има 6.616 влезници за централните делови од северната и јужната трибина по цена од 600 денари.Вкупно 6.730 билети има за делови од северната и јужната трибина по цена од 400 денари. Најголемиот дел од влезниците, вкупно 15.672 влезници, ќе се продаваат по цена од 200 денари.Натпреварот помеѓу Македонија и Белгија ќе се одигра на 22.март (петок) на арената „Филип Втори“ со почеток во 20:45 часот.
МакфаксФудбалската федерација на Македонија (ФФМ), преку официјалниот дистрибутер „Mktickets“, ги пушти во

Пронајдете не на следниве мрежи: