среда, 11 ноември 2026
Најново

ФФМ се простува од градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски: „Одигра важно поглавје на македонската репрезентација“

Веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, актуелниот градоначалник на Општина Брвеница и долгодишен член на лекарскиот од стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Македонија, потресе многумина.

Негови пријатели, познаници и сопартијци на чело со премиерот ја споделуваат веста и упатуваат зборови со најголема тага и сочувство, а секако се огласија и од Фудбалската федерација на Македонија.

Пулс24.мк - 14 години

“Златен човек.

Во времиња кога сите сакаат да бидат забележани, тој избра да биде корисен. Златен човек.

Јовица Илиевски, дел од едно важно поглавје на македонската репрезентација.

Вечна му слава и нека почива во мир“, порачаа од ФФМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: