Хакерски напад врз сајтот на Ватикан, ден откако Москва го критикуваше Папата

Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е згасната по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква.

Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е згасната по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква.

-Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали.

Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск за неговата осуда на рускиот напад врз Украина.

Во интервју за списанието „Језуит“, папата ги издвои војниците од Чеченија и другите етнички малцинства од Русија, посочувајќи ја нивната особена „бруталност“ за време на војната

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.