Хали Бери открива како постојано да изгледате како 25-годишни девојки

Хали Бери изгради исклучителна кариера како актерка, така што стана дел од голем број незаборавни филмови и носител на најпопуларната награда во светот на Холивуд – Оскар. Но, изгледа дека ако одбрала различен пат, оваа јога божица многу лесно би можела да стане професионален атлет, токму поради нејзината мотивација и посветеноста на фитнесот.


Со своите 52 години, Инстаграм профилот на Хали Бери сведочи за тоа како таа успева да го задржи својот младешки изглед и со своите 2,8 милиони следбеници е инспирација за многумина. Таа често споделува совети за нејзините вежби, а со својата серија позната како „Фитнес петок“, демонстрира различни јога пози, вежби со тегови, боксувања и медитациии. Таа е навистина силна и изгледа неверојатно, па ако ви е потребна дополнителна мотивација за вежбање летово, дојдовте на вистинското место! Тоа што Хали Бери го прави навистина функционира.


„Јас верувам дека доброто здравје и добросостојбата се клучни за вистинската убавина“, пишува таа. „Светот на убавината постојано еволуира, создавајќи длабока врска помеѓу здравјето, добросостојбата и тоа што ние го знаеме како убаво.“
Покрај Гвинет Палтроу, Камерон Дијаз и Рис Витерспун, Хали Бери е само уште еден член на клубот ѕвезди што прифатиле холистички пристап и физичка цврстина за да ја шират пораката дека „силното е убаво“.


Преминете на следната страница и погледнете ги останатите фотографии, како и советите што можат многу да ви помогнат во вашите секојдневни фитнес рутини и планови за здрава исхрана.

Хали Бери само што го прослави својот 52-ри роденден
Луѓето не можат да поверуваат дека таа успева постојано да изгледа како вистинска божица
Затоа и постојано ги споделува своите тајни за младешки изглед на Инстаграм
Таа вели дека го тренира нејзиниот ум, како и телото, со помош на јога и медитација
Според неа, фитнесот не е само трчање, кревање тегови и удирање во боксерски вреќи
За Хали Бери, вежбањето и добрата форма е истото како и дишењето
Затоа и таа не поминува ниту еден ден без некаков вид медитација
Според неа, медитацијата ќе го трансформира начинот на којшто размислувате, што потоа ќе го смени и вашиот живот


Кога завршува со медитацијата, таа чувствува целосна јасност и мир во себе
Фитнес режимот на Бери исто така содржи и елементи на боксување и кревање тегови
Понекогаш дури и на неа ѝ е тешко да се мотивира, па затоа и си смислува забавни видови вежби
Хали Бери вели дека најлесно е да се работи со партнер, бидејќи тој ќе ве смета за одговорни ако се откажете


Таа верува и дека супата од коски е едно од најсилните тајни оружја во нејзиниот живот што ѝ дозволуваат да им пркоси на годините и да се чувствува помладо
Исто така, таа многу сериозно ја сфаќа својата исхрана
Но, понекогаш едноставно се препушта на чипс


За Хали Бери, „телото за на плажа“ е многу повеќе од тоа да изгледа добро во бикини
За неа, доброто тело значи да се чувствувате добро во него
Од таму таа ја црпи и својата самодоверба, знаејќи дека е во топ форма и здрава
Покрај сè, Хали Бери успева да најде начин да чита и да го опушти својот мозок со книги
Таа исто така се грижи и за своите две прекрасни деца


Каде што има волја, има и начин!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.