ХАМАС ПУКАА И НА АМЕРИКАНЦИТЕ: Вашингтон се огласи по дојавата дека американски државјани се убиени во Израел!

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата потврди дека САД работат на потврдување на извештаите дека неколку Американци биле убиени во напад на милитантите на Хамас во Израел.

Бројот на загинати е убедливо најголемото еднодневно масовно убивање на Евреи од Втората светска војна.
ХАМАС ПУКАА И НА АМЕРИКАНЦИТЕ: Вашингтон се огласи по дојавата дека американски државјани се убиени во Израел!
  • Дали има индиции дека Американците биле убиени или киднапирани од терористи – го прашале новинарите Блинкен.
  • Имаме извештаи дека се убиени неколку Американци. Работиме прекувремено за да го потврдиме тоа – одговори највисокиот претставник на Стејт департментот на претседателот Џо Бајден.

Блинкен додаде дека има и извештаи за исчезнати Американци.

– Работиме на проверка на тие извештаи – изјави Блинкен.

Од почетокот на конфликтот, 600 Израелци се убиени, додека повеќе од 2.000 се повредени. Во таа бројка не се вклучени киднапираните кои се уште ги држат како заложници членовите на Хамас.

Бројот на загинати е убедливо најголемото еднодневно масовно убивање на Евреи од Втората светска војна.

Не е јасно како ќе изгледа целосниот одговор на Израел. Портпаролот на израелската војска навести дека Израел може да се обиде да ја преземе целосната контрола врз Газа за прв пат од 2005 година, а повеќе од 20 заедници во близина на Газа се евакуирани.

Блинкен рече дека најавата за дополнителна помош за Израел како одговор на нападот може да биде објавена веќе во недела.

– Разгледуваме конкретни дополнителни барања што ги упатија Израелците – рече Блинкен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.