Хаос во Грузија: И владеачката проруска партија и прозападната опозиција прогласија победа на изборите

Владејачката партија во Грузија и прозападната опозиција вечерва прогласија победа на парламентарните избори, кои треба да одредат дали поранешната Советска република ќе се движи кон Европската унија или ќе се сврти кон Русија.

Неколку излезни анкети дадоа различни проекции за изборните резултати. Една анкета покажа дека владејачката партија Грузиски сон, која се сврте кон проруска реторика, има удобно водство, а две други анкети покажаа дека опозицијата ќе освои мнозинство.. Во изминатите три децении, Грузија одржува силни прозападни аспирации, а последните анкети покажуваат дека до 80 отсто од нејзините жители се за влез во ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: