Koсово е пред колапс, изјави за медиумите екс премиерот Рамуш Харадинај.

Претседателот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска во објава на Фејсбук објави дека поради зголемувањето на инфлацијата, која според Светска банка е 19,1 отсто, куповната моќ е нагло намалена.
„Според Светска банка, економскиот раст е 3,1 отсто, а не 10,5 отсто како што вие прогнозирате. Инфлацијата, исто така, според податоците на Светска банка е 19,1 отсто. Тоа значи дека куповната моќ на граѓаните на Косово е преполовена“, порача Харадинај.
Тој вели дека во време кога поскапеле сите основни потреби, Владата го блокирала Законот за плати, но и многу проекти. Сите земји во регионот се борат со инфлација. Грција измери годишна инфлација од 12 отсто.
Пронајдете не на следниве мрежи:


