Харис откри нови детали за разводот: Од тогаш сè тргна наопаку (фото)

Харис Џиновиќ последниве месеци е во центарот на вниманието поради разводот со долгогодишната сопруга Мелина.Харис сега ја отвори вратата од својот дом во Сењак и на самиот почеток откри досега непознати детали од неговото детство.– Најчесто имав сè што сакав. Најважна ми беше играта… Игравме фудбал, џамлии, немаше премногу можности за забава. Бев непослушен како и сите деца. Пак велам, друго време беше, сега сè е поинаку. Интересно е што двапати ме исфрлија од училиште. Постојано бегав од часови, одев на фудбалски тренинзи, кoи ги сакав повеќе од сè, иако веќе го открив мојот талент за музика, го оставив на страна. Завршив два часа во вечерната гимназија, па повторно се случија проблеми, ја започна приказната Харис.Харис го отвори срцето и проговори за разводот со Мелина:– Пред две години почнавме да се оддалечуваме еден од друг. До денес не ги знам причините, само сфатив дека веќе не сме толку блиски и интимни. Тогаш сè почна да се распаѓа! Имаше љубов, барем јас мислев дека има… Другата страна знае колку беше искрена и дали беше искрена. Тоа треба да ја прашате неа. Беше убаво додека траеше, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: