Хајди Клум во модна комбинација која е апсолутен хит за ова лето

Синоќа Хајди Клум прошета во Њујорк во хит парче облека за ова лето, но целото внимание го украле нејзините стапала. Славната манекенка носела долг црно-зелен комбинезон со тропски дезен кој го искомбинира со чанта и очила за сонце, и двете во зелена нијанса, но целото издание остана во сенка поради нејзиниот неочекуван избор за обувки.
Иако станува збор за тренд за кој модните куќи најавија дека ќе биде хит за ова лето, досега не верувавме дека навистина ќе заживее, но Хајди нè увери дека сепак ќе биде. А станува збор за апостолки.

Познатите дизајнерски брендови како Мајкл Корс и Изабел Марант ја вметнаа популарната облека за плажа во својата колекција за ова лето и ги најавија своите пет минути слава, што Хајди сега го потврди тоа.
Манекенката се снабди со својот модел во стил на 90 – те со дебел ѓон и ремен, но во мода се и поедноставни, класични модели какви што веројатно сте ги носеле на летување, а оваа сезона со нив можете слободно да одите и на работа, доколку секако дрес кодот на работното место го дозволува тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.