среда, 11 ноември 2026
Најново

Хезболах се закани дека ќе одговори по смртоносните израелски напади: „Имаме право да му се спротивставиме на агресорот“

Најмалку пет лица беа убиени во израелски воздушен напад врз јужниот либански град Арабсалем утрово и покрај прекинот на огнот договорен еден ден претходно меѓу Израел и Хезболах, во меѓувреме се јави и портпарол на Хезболах.

Либанскиот државен медиум NNA објави дека израелски авиони и беспилотни летала извршиле серија напади низ областа Набатија во текот на ноќта и утрото, уништувајќи станбени згради и куќи, додека израелската артилерија го гранатирала Набатија и неговите предградија пред зори.

Пулс24.мк - 14 години

По нападот, се обрати претставникот на Хезболах, Хасан Фадлалах, кој рече дека тие имаат право да одговорат на израелските напади.

„Се зборува за прекин на огнот. За нас е важно непријателот целосно и сеопфатно да го почитува прекинот на огнот и да не се обидува да ја нападне нашата земја и села или да се стреми да заземе нови позиции. Отпорот има целосно право да се соочи со овој непријател кога нè напаѓа, бидејќи е агресор и окупатор“, рече тој.

Нападите се случуваат откако Израел и Хезболах постигнаа договор за прекин на огнот неколку часа по новото избувнување на борбите во јужен Либан, во кое загинаа четворица израелски војници, а десетици Либанци беа ранети.

Сепак, обновениот прекин на огнот изгледа многу кревок бидејќи не доведе до повлекување на Израел од големата тампон-зона што ја воспостави во јужен Либан.
The post Хезболах се закани дека ќе одговори по смртоносните израелски напади: „Имаме право да му се спротивставиме на агресорот“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: