Херојот од Сиднеј воопшто не е добро! Неговиот адвокат открива загрижувачка здравствена состојба откако бил застрелан пет пати

Ахмед ал-Ахмед, минувач кој вчера херојски го совлада и разоружа еден од напаѓачите во Бонди, рече дека, и покрај тешките повреди и големата болка, би го направил сето тоа повторно, пишува мелбурнскиот „The Age“.

Неговиот адвокат за имиграција, Сем Иса, го посети вечерва и потврди дека Ахмед не се кае за својот чин.

„Тој не се кае за она што го направил. Рече дека ќе го стори тоа повторно. Но, болката почнува да зема данок“, рече Иса, додавајќи дека состојбата на Ахмед се влошила.

„Воопшто не е добро. Изрешетан е од куршуми. Нашиот херој се бори во моментов“, рече тој.

Ахмед се опоравува во болницата „Сент Ѓорѓи“ во Когара по првата операција, а постојат стравувања дека би можел да ја изгуби левата рака.

Тој добил пет прострелни рани на раката, а еден куршум, кој се заглавил во задниот дел од левата плешка, сè уште не е отстранет.

,Многу е полошо од очекуваното. Кога ќе помислите на куршум во раката, не помислувате на сериозни повреди, но изгубил многу крв“, рече Иса.

Ахмед утрово зборуваше од болницата, велејќи дека пред да се фрли врз терористот, им кажал на своите луѓе дека ќе спаси луѓе, дури и ако тоа го чини живот .
The post Херојот од Сиднеј воопшто не е добро! Неговиот адвокат открива загрижувачка здравствена состојба откако бил застрелан пет пати appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: