Деновиве на социјалните мрежи се појави страшна снимка од напад на крокодил врз пливач и неговото куче во Австралија.
- ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ САД И ИРАН: Распоредува војска на границата, училиштата се подготвуваат за онлајн настава
- ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина
- НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во југозападниот дел на земјата, расте стравот од нова воена ескалација
- Дали демократите добија нов Обама: Кој е 39-годишниот сенатор кој ги предводи сите предвидувања за 2028 година?
- Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор за Украина мора да биде одобрен од сите членки на НАТО

На него се гледа како туристот Алистер Мекфи (37) постојано го удира животното во обид да избега откако тоа скокнало од водата во Квинсленд, во близина на Порт Даглас. Човекот бил во вода до колена со својот ротвајлер кога биле нападнати.
Крокодилот прво се обидел да го вовлече во водата, а потоа се сврте кон миленикот. Го грабна и го одвлече во длабочините, а потоа Мекфи скокнал врз него и почнал да го удира за да го заштити кучето.
Меѓутоа, туристот обилно крварел од длабоката рана на ногата и не можеше да го одбрани миленикот од ѕверот. На крајот, тој немаше друг избор освен да се повлече на работ на водата, бидејќи за кучето немаше спас.
Тој бил забележан од ренџер кој не бил на должност и бил итно пренесен во блиската клиника, а потоа во поголема болница во Кернс. Мекфи е во стабилна состојба по операцијата.
Претставници на Одделот за животна средина и наука (DES) изјавија за локалниот весник Cairns Post дека крокодилот бил пронајден и застрелан доцна во четвртокот навечер.
Џош Патерсон од Здружението на Абориџините Џабалбина Јалањи рече дека еден од неговите чувари го пронашол Алистер. Тој за медиумите изјавил дека човекот „бил уништен од болката поради губењето на кучето“ и верува дека миленичето починало бидејќи му дошло на помош.
Пронајдете не на следниве мрежи:


