Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин за време на нејзиниот говор во Стејт департментот.
Таа посочи дека проширувањето на НАТО е последица на руската политика, пренесува Ројтерс.
Враќајќи се во Стејт департментот за откривањето на нејзиниот официјален портрет, Клинтон, исто така, ја искористи можноста да го покаже своето негодување за политиката на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, кој ја победи на претседателските избори во САД во 2016 година.
Таа навести дека способноста на САД да соберат поддршка за Украина е доведена во прашање поради „отуѓувањето на сојузниците“, што е директно „наследство на Трамп“.
- Луѓето можеби се сомневаа затоа што изгоревме толку многу мостови со нашите сојузници и пријатели. Повторното воспоставување надворешна политика… што всушност ги носи луѓето кај нас наместо да ги оттурнува, се сметаше за исклучително тешко. И навистина е, но ние го постигнавме – рече Клинтон, заблагодарувајќи му се на државниот секретар Антонио Блинкен за „помош во враќањето на позицијата на Америка“.