Химната на Југославија ечи на плажа во Улцињ, туристите стојат во место и оддаваат почит

„Крај на ‘работниот’ ден на плажата Мохито во Улцињ“, се наведува во описот на видеото.
По завршувањето на химната, публиката почна да аплаудира. Мештаните велат дека се пушта секој ден во текот на летото точно во 18 часот.

Улцињ е гратче во југозападниот дел на Црна Гора, на Јадранското Море, и познато туристичко место уште во поранешна Југославија. Околу 70% од жителите, кои се вкупно 10 илјади, се етнички Албанци.

„Еј, Славени/Hej, Sloveni“ беше официјалната химна на Југославија. Напишана е од словачкиот свештеник Самуел Томашик во 1834 година како химна на панславизмот. Музиката е заснована на химната на Полска.
По распаѓањето на Југославија беше химната на СР Југославија, а подоцна и на Србија и Црна Гора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.