Холивудскиот актер мета на критики поради ќелавата глава

Актерот Џон Стамос се најде на удар на критики затоа што носеше капа поради која изгледаше ќелав за да го поддржи неговиот колега од „Фул Хаус“, Дејв Кулие, болен од рак.Откако многу корисници на социјалните мрежи го критикуваа, се огласи Џон Стамос .„Шокиран сум. Срамно е. Наместо да прават глупави видеа или да даваат непотребни коментари, треба да се јават кај својот лекар, да закажат термин и да сфатат дека тоа е целата поента на ова“, рече Стамос, според Page Six.“Срамота е на што луѓето губат време. Се што направив беше да го расположам мојот пријател”, додал актерот, а потоа открил дека поминале неверојатно време заедно смеејќи се, плачејќи, гледајќи стари филмови и раскажувајќи приказни од младоста. View this post on Instagram A post shared by John Stamos (@johnstamos)Под неговата објава имаше негативни коментариЗа потсетување, Стамос на Инстаграм сподели фотографии на кои позира со насмеан Кулие со свежо избричена глава среде битката со ракот.„Ништо подобро од тоа да облечам ќелава капа и да покажам некои фотошоп вештини за да ја покажам мојата љубов и солидарност со мојот брат“, напиша Стамос во описот на објавата.„Навистина не можеше да ја избричиш главата, брат?“, „Господ да го благослови Дејв, но дали е ова навистина соодветно“, „Ќелава капа како знак на солидарност? Само ја симнуваш и повторно си „нормален“. Кога луѓето го избираат овој пат, всушност ги бричат ​​главите“, биле негативните коментари на неговите следбеници. View this post on Instagram A post shared by John Stamos (@johnstamos)Да потсетиме, на Дејв Кулие му беше дијагностициран трет стадиум на не-Хочкинов лимфом. Ѕвездата на серијата Full House во емисијата Today откри дека има здравствени проблеми.„Се чувствував како да ме удриле во стомакот затоа што мислиш дека тоа никогаш нема да ти се случи“, рекол Кулие откако дознал дека има рак.„Секогаш слушате дека тоа му се случува на некој друг“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: