Хорор во Босна! Шестгодишно момче паднало во надојден поток, го бараат специјалци

Вчера во попладневните часови во Бегов Хан кај Жепча дете паднало во надојден поток, а потрагата по него се уште трае.
Шестгодишно момче  било во близина на својата куќа кога во несреќен случај паднало во потокот чиј водостој пораснал заради обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него во обид да го спаси, но за жал безуспешно. Со возило на Итна медицинска помош мајката на момчето е пренесена во болница, а специјална единица на полицијата е ангажирана во потрага по детето.
Од истиот момент траат и напорите на мештните, се прегледува секој метар од коритото на потокот, со куки се пребарува дното.
– Екипите се на терен, преку реката е поставена мрежа за телото на несреќното момче да може да биде извлечено, известуваат од таму.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.