ИТАЛИЈА – Пронајдено новороденче во корпа за отпадоци: Мислев дека е мачка…

Новороденче е пронајдено во саботата вечерта во канта за ѓубре во италијанскиот град Виланова Канавезе, недалеку од Торино, јави медиумската агенција ANSA.

Станува збор за момче кое било пронајдено во најлонска кеса, заедно со плацентата и папочната врвца.

Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи на 27 април 2017 година, се на чекор да бидат ослободени од кривично гонење, а …
Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓе
Најмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс (АЗАЛ) кој утрово се урна во близина на аеродромот на градот Актау во Казахстан.На меѓународниот …

И покрај ниските температури, здравјето на момчето кое докторите го крстиле Лоренцо засега е добро.

Бебето го пронашол 49-годишен маж кој живее во близина и сакал да фрли нешто во ѓубрето. Го спречил детски плач.

„Најпрво мислев дека е мачка. Дури по некое време сфатив дека е бебе“, рекол тој.

По откритието повикал полиција, а детето било пренесено во болница.

Полицијата отвори истрага како новороденчето завршило во ѓубре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.