Поради сомневање дека со нож се обидел да го убие својот брат, полицијата го уапсила Ивица Влакиќ, поранешниот заменик градоначалник на Задар.
Како што пренесува ,,Zadarski.hr”, конфликтот пријавен од полицијата во понеделникот се случил во саботата на 11 ноември во раните вечерни часови во семејната куќа во населбата Дикло во Задар по физички конфликт при што Влакиќ го повредил три години постариот брат со нож.
- Министерот за безбедност на БиХ оди во притвор!
- Легендарниот Тимур Дибиров ја завршува богата кариера
- Лавров: Москва е подготвена на преговори со Украина, но да се земе предвид реалната ситуација
- Денеска се празнува Светиот пророк Агеј
- Турски државјанин приведен во Скопје, ја нападнал сопругата
Влакиќ неколку пати го избодел својот брат, но никој од нив не допрел во некој витален орган.
Конфликтот настанал поради семејни расправии во моментот кога Влакиќ се бранел од својот брат во кујната. Кога сфатил што се случило, Влакиќ повикал сосед на помош и се обидел да му помогне на својот брат. Поранешниот градоначалник вообичаено живее во куќа во Дикл сам со својата мајка, а кај нив дошол неговиот брат.
По нападот, на 49-годишникот му била укажана лекарска помош во Општата болница Задар, каде му биле констатирани тешки физички повреди, а по истрагата, против Влакиќ е поднесена кривична пријава до државното обвинителство, а тој бил ставен во притвор синоќа.
Поради сомнение за убиство во обид, истражен судија му одреди мерка притвор во траење од еден месец поради опасност од повторување на делото и влијание врз сведоците.
Ова е вторпат Влакиќ да се најде под кривична истрага на задарската полиција. Пред три години Обвинителството против него поднесе обвинителен акт пред Општинскиот суд во Задар за кривично дело против јавниот ред преку недозволено држење, изработување и набавка на оружје и распрскувачки материјали.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.