ХОРОР ЗА НОВА ГОДИНА ВО ГРЦИЈА! Бебе пред 1-ви роденден пронајдено удавено во река, мајката осомничена, нејзината одбрана е ШОКАНТНА

Невидена трагедија се случи во Грција на Нова година, телото на 11-месечно девојче беше пронајдено во понеделникот на браната на реката Алијакмонас кај Верија во северниот дел на земјата.

Полицијата ја уапсила 29-годишната мајка на бебето, која не сака да признае дека на новогодишната ноќ го фрлила детето во ледената вода на реката.

ХОРОР ЗА НОВА ГОДИНА ВО ГРЦИЈА! Бебе пред 1-ви роденден пронајдено удавено во река, мајката осомничена, нејзината одбрана е ШОКАНТНА

Заедно со бебето, мајката ја напуштила семејната куќа во селото Александрија, во областа Иматија, каде што живеела со родителите. Наводно, на семејството му кажала дека новогодишната ноќ ја поминува со пријателите.

Следниот ден се вратила дома, без ќерката.

Семејството ја алармирало полицијата која веднаш покренала истрага за да се утврди што точно се случило.

Полицијата ја испрашала мајката, која најпрвин и укажала на полицијата дека го оставила бебето во напуштена куќа во Верија. Сепак, властите таму не можеа да најдат никакви траги.

Полицијата изврши притисок врз мајката и таа на крајот ги отфрли своите тврдења, велејќи дека го фрлила бебето во браната Алијакмонас доцна на новогодишната ноќ.

По претресот на теренот, полицијата го лоцирала бебето и телото го извлекла од реката.

Телото било пренесено во болницата во Верија, каде лекарите можеле само да ја констатираат смртта на детето.

Како што пренесува локалниот медиум veriotis.gr, лекарите кои го прегледале телото констатирале дека има каснувања од животни.

Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Забележано е дека жената немала автомобил и дека сите правци ги минала со јавен превоз, пеш или дури и со такси.

Според локалните медиуми, мајката страдала од психички проблеми и во минатото неколку пати била хоспитализирана во психијатриски клиники.

Бебето е родено вонбрачно во јануари 2022 година.

Таткото за медиумите изјави дека се обидувал официјално да ја препознае, но имало приговори од мајката и нејзиното семејство. Тој тврдеше дека не знаел дека „мајката на неговото дете“ – како што тој ја нарекувал – имала психички проблеми додека биле заедно. Полицијата го известила за смртта на неговата ќерка.

Мајката негира се

Неофицијалните резултати од обдукцијата наводно покажуваат дека бебето починало од задушување, а мајката и понатаму го негира делото, обидувајќи се да се оправда дека детето не го фрлила во река, туку и испаднало од раце.

„Не го убив детето, многу се мрдаше додека го држев во раце и падна во вода. Не можев да скокнам во водата за да го извлечам. Ме обвинуваат за работи што НЕ сум ги направила, Јас многу ја сакав ќерка ми“, изјавила таа во полиција.

Истиот став се очекува да го задржи и утре наутро кога ќе се појави пред истражен судија. Следниот ден би бил роденден на бебето и девојчето би наполнило една година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.