четврток, 12 ноември 2026
Најново

Хорор! Мајка и вујко со денови држеле малолетничка врзана за јадијатор: Причината е особено морничава (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Инспекторите во Дагестан отворија кривична постапка за незаконско лишување од слобода на тинејџерка која нејзината мајка ја држела три дена врзана во куќата на роднина.Рускиот истражен комитет соопшти дека девојката (15) три дена била во куќата на роднина и не можела слободно да се движи. Медиумски извор од руските агенции за спроведување на законот потврди дека нејзината мајка ја држела врзана.– Покрената е кривична за незаконски дејствија извршени против 15-годишен жител на републиката, за противправно лишување од слобода и неисполнување на должноста за воспитување малолетник – се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.Нејзината мајка ја држела врзана за радијатор бидејќи наводно се жалела дека била силувана и го срамела семејството. Вујко и’ учествувал во сè, а не ја ни хранеле.Таа за чудо успеала да побегне. Таа напиша крик за помош на парче хартија, го завитка околу далечинскиот управувач и го фрли низ прозорецот. ЛИНКНејзините мајка и вујко и објасниле дека ја врзале затоа што постојано бегала од дома и дека се жалела дека била силувана и дека соучениците ја терале да се дрогира.

Поврзани вести