Најмалку 120 луѓе загинаа, а над 150 се повредени во стампедо што се случи во Јужна Кореја за време на прославата на Ноќта на вештерките.
Инцидентот се случил во саботата во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, соопшти Службата за вонредни ситуации.

Службите за итни случаи примиле најмалку 81 повик од луѓе во Итаевон кои рекле дека имаат тешкотии со дишењето. Лекарите на улиците им помагаат на повредените.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап претходно објави дека 50 лица доживеале „срцев удар“ по стампедото.
Голем број луѓе се собраа за време на прославата на Ноќта на вештерките во централниот кварт на Сеул.
Локалните медиуми истакнуваат дека причина за стампедото било тоа што славна личност посетила бар во Итаевон.
Претседателот Јун Сук-Јол побара властите брзо да обезбедат медицинска помош на луѓето, соопшти претседателската канцеларија.
Премиерот Хан Деок-су ги повика официјалните лица да вложат максимални напори, додека градоначалникот на Сеул, О Се-Хун, кој е во посета на Европа, одлучи да се врати во Сеул по несреќата, соопштија градските власти.


