ХОРОР! Цел живот плаќал придонеси за да го остават ДА УМРЕ СО ПУКНАТА АОРТА! Во Државна немало операциони сали, во Филип Втори надмината квота

Цел живот плаќал придонеси за оваа држава да го остави човекот кога му е најпотребно, со пукната аорта да почине бидејќи Државна кардиохирургија се реновирала, а во Филип Втори немало термини кои ги покрива Фондот, односно била пополнета државната квота.

Во продолжение пренесуваме потресно сведоштво на човек чиј пријател почина поради негрижата на македонските институции.

– Па дали е ова нормално ви се молам да го споделиме овој пост секој да може да го види имено вчера на мој близок му пука АОРТАТА го носат во државна кардиохирургија таму сите сали за операција наводно се реновираат ги препраќаат во Филип 2 со наодите наводно имале договор преку фонд таму не ги примаат со изговор квотата преку фонд е надмината и треба да се чека до јуни а приватно може ама за тоа требаа илјадници евра а пази човекот е со пукната АОРТА и никој ништо не презема го оставија човекот тивко да си умре дури и фамилијата на најгруб можен начин беше избркана од државна за ова имаме и снимени видеа ги молам сите што можат да го споделат ова поготово до министерот за здравство нашиот ценет ПРЕМИЕР да видат и да не побараат некој мора да одговара за ова .

Цел живот да плаќаш придонеси и на крај да те остават така да си умреш не ни по Библија ни по Куран а ни по ЗАКОН и да немаше осигурање пак требаше да му пружат помош а имаше 35 години плаќал допринос кон оваа наша држава 35 години некој доктор земал плата од него и го оставија така ОВА ЛИ Е ЗДРАСТВО – прашува граѓанинот во објава на Фејсбук.

Редакцијата на Инфомакс упатува сочувство до семејството и блиските на починатиот.

Пронајдете не на следниве мрежи: