Хороскоп за 25.10.2019: Кај Близнаците желба за доминација, кај Стрелците вест за добивка

ОВЕН

Денот ќе ви помине вообичаено кога станува збор за работата. Не сакате лажни ветувања, па затоа во наредната таква ситуација први бунтовно ќе реагирате, а околината ќе ви завидува на храброста. Во љубовта се е совршено, конечно успеавте да го скротите партнерот, надевајте се на добар план за во иднина.

БИК

Можеби си мислите дека само на вас ви се случуваат непријатни ситуации и незгоди, но не е така, само вие премногу емотивно ги доживувате. Финансиските проблеми дополнително ви прават проблеми, не ги обвинувајте другите за тоа. Здравјето ви се подобрува, обрнете внимание на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Изгледате самоуверено и сакате да ги покажете своите способности на секој можен начин. Доколку сакате да се разликувате од другите, бидете креативни. Позитивната енергија насочете ја целосно кон партнерот. Ве очекува успешен ден, но и желба за доминација. Уживате во докажувањето на сопствените вредности.

РАК

Никако нема да можете да ги соберете вашите мисли на едно место. Дури и да сакате да останете сконцентрирани, нема да успеете, затоа што фантазиите повеќе ќе ве привлекуваат. Чукнете си ја главата, отворете ги очите! Има многу работи кои пропуштате да ги видите поради тоа што талкате во фантазиите.

ЛАВ

Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса. Искористете го оптимизмот и насочете се кон своите идеи.

ДЕВИЦА

Расположени сте за дебатирање и за интересен разговор. Сепак, не се задлабочувајте во дискусија со претерано зборлеста личност. Тоа може да ви одземе неколку часа од денот, па потоа ќе ви биде криво што сте го потрошиле времето бескорисно. Проценете дали вашиот соговорник сака да се поврзе со вас или пак сака само да си го слуша сопствениот глас.

ВАГА

Работните обврски силно ви тропаат на вратата, а вие сеуште спиете. Денес можно е да се случи да заборавите некој многу важен клиент или состанок. Премногу сте расеани, тоа може негативно да се одрази врз вашата кариера. Побарајте помош од некој Стрелец, тој ќе ве врати на нормалниот пат.

ШКОРПИЈА

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

СТРЕЛЕЦ

Очекувате да се случи нешто интересно на деловен план и да го добиете она што ви припаѓа, без оглед дали станува збор за пари кои некој ви ги должи или за предлог за нова работа. Деловните односи со некој Бик би можеле да бидат подобри ако вие бидете малку потактични. Можна е вест за добивка.

ЈАРЕЦ

Психичката ситуација повторно ви е разнишана, тоа потекнува од намалената самодоверба и тагата која ја чувствувате. Обидете се нешто да промените, започнете најпрво од вашиот животен простор и зафатете ги сите животни сегменти и во секој сменете по нешто. Партнерот ве анализира и сака да ви помогне, но вие не сте отворени за помош.

ВОДОЛИЈА

Работните обврски не ве оставаат да и посветите време на забавата. Некои ваши поранешни пријатели се разочарани дека сте ги заборавиле, обидете се да ја обновите комуникацијата. Се надевате на стабилизација во врската, но сепак партнерот крие нешто од вас.

РИБИ

Несериозноста ја ставивте на страна и започнавте сериозно да се ангажирате за секојдневните обврски. Малку ви е тешко, но со тек на време ќе сфатите дека мора така. Сакате да го изненадите партнерот со нешто навистина убаво, но верувајте дека тој веќе е изненаден од вашата позитивна промена.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.