Хотелиерите бараат одложување на примената на Законот против пушење

Прво кампања, а потоа спроведување на Законот против пушење, побараа хотелиерите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд.

Како што информираше денес министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, следната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок, на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности.

Дурмиши не кажа дали е можно да се продолжи примената на Законот, која треба да започне на 1 март, но нагласи дека целта е да се грижи за јавното здравје.

На следниот состанок, нагласи тој, ќе се донесе одлука што ќе биде прифатена од сите заинтересирани страни, вклучително и хотелиерите.

„Ги слушнавме забелешките на хотелиерите кои побараа одреден временски период додека Законот не стапи на сила, односно прво да се оди со кампања, а потоа со информации додека не започне имплементацијата, за да бидат донекаде подготвени. Ќе им повториме која е целта и на крајот ќе донесеме одлука што ќе биде прифатена од сите заинтересирани страни, вклучително и хотелиерите“, рече Дурмиши.
The post Хотелиерите бараат одложување на примената на Законот против пушење appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: