Храна која го зголемува хормонот на среќа – еве што треба задолжително да додадете на вашето мени

Серотонинот е хормон на радоста и главен чувар на нашето добро расположение. Во стресни ситуации неговото ниво нагло опаѓа, што ја зголемува анксиозноста, а може да предизвика и депресија.
Многу е лесно да се подигне нивото на серотонин со одредени намирници, а во продолжение ви ги откриваме четирите најдобри.
Млечни производи
Млекото богато со калциум, особено топлото, навистина го ублажува стресот, го стабилизира расположението, па дури и ги намалува симптомите на ПМС. И минералите содржани во млечните производи, вклучително и магнезиум, калциум, калиум и фосфор, го нормализираат функционирањето на нервниот систем. Родителите неслучајно даваат чаша топло млеко пред спиење за малку да се смири телото на детето и да го подготват за сон.

Темно чоколадо
Чоколадото понекогаш е најдобар лек за лошо расположение, бидејќи парче темно чоколадо ослободува ендорфин и го зголемува нивото на серотонин. Неодамнешните студии покажуваат дека оние кои јадат чоколадо имаат значително пониско ниво на хормони на стрес од другите. Се препорачува да јадете неколку парчиња темно чоколадо дневно!
Банани
Ова овошје содржи триптофан, кој во комбинација со витамин Б6 го зголемува нивото на серотонин. Покрај тоа, високата содржина на јаглехидрати во бананите ви дава енергија и го подобрува вашето расположение, помага во лекувањето на несоница, анксиозност и депресија.
Леќа


Како и бананите, леќата е богата со јаглени хидрати, кои го стимулираат производството на серотонин. Како резултат на тоа, анксиозноста исчезнува. Овој производ го стабилизира и нивото на шеќер во крвта, спречувајќи промени во расположението, додека железото му дава енергија на телото. Вреди да се обидете да јадете половина шолја леќа како прилог или да ја додадете во супи. За да може телото полесно да го вари овој производ, се препорачува да го потопите во вода неколку часа пред да го готвите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.