Храна која го намалува нивото на стрес

Наредниот пат кога ќе се почувствувате нервозно, под притисок или пак премногу стресно, составете оброк од наредниве неколку видови храна, кој за многу брзо време ќе ви помогне да се вратите во нормала.

Храна која го намалува нивото на стрес

Благи компири – Тие можат да бидат од голема помош при намалување на стресот бидејќи ја задоволуваат вашата потреба за јаглехидрати и шеќери. Тие се составени и од бета-каротини и други витамини кои му помагаат на вашето тело да ги процесира јаглеохидратите полека и со константно темпо.

Исушени праски – Тие се полни со магнезиум, кој го намалува стресот и истовремено на природен начин ви ги релаксира мускулите.

Портокали – Една германска студија во областа на психофармакологијата покажала дека витаминот Ц го намалува стресот и ги враќа крвниот притисок и кортизолот на нормално ниво, по стресна ситуација. Витаминот Ц исто така е и добар за подобрување на имуниот систем.

Бадеми, ф’стаци и ореви – Бадемите содржат во себе Б и Е витамини, кои го подобруваат вашиот имун систем, а ф’стаците и оревите помагаат при намалување на крвниот притисок.

Мисиркино месо – Ова месо содржи аминокиселени наречени Л-триптофан, кои го поттикнуваат испуштањето на аеротонин, хемикалија во мозокот која предизвикува да се чувствуваме добро. Поради тоа многу луѓе по јадење мисиркино месо изјавиле дека се чувствуваат релаксирано, дури и уморно. Документирано е и дека Л-триптофан има смирувачки ефект.

Спанаќ – Недостатокот на магнезиум може да предизвика мигренски главоболки и чувство на умор. Една чинија спанаќ ви овозможува 40% од дневната потреба на вашето тело за магнезиум.

Лосос – Храната која е богата со омега-3 масни киселини ве заштитува од срцеви болести. Нова студија покажала и дека е многу ефикасна при одржување на стресните хормони кортизол и адреналин на нормално ниво.

Зелени зеленчуци – Брокулите и останатите темно зелени зеленчуци изобилуваат со многу витамини, кои одлично му помагаат на вашето тело за време на стресни ситуации.

Авокадо – моносатурираните маснотии и калиумот во авокадото го намалуваат крвниот притисок. Националниот институт за срце, бели дробови и крв објавил студија во која пишува дека најдобриот начин за намалување на крвниот притисок е да се конзумира доволно калиум (во авокадото има поголемо количество отколку во бананата)

Други совети за намалување на стресот:

Редовно вежбајте
Пијте енергетски шејк за доручек
Јадете помали оброци во текот на целиот ден, кои ќе ви помогнат со одржување на нивото на шеќерот во крвта (кога тој е низок се намалуваат менталната, физичката и психолошката енергија, а стресот се зголемува).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.