Ако имате микробранова печка несомнено често ја користите, но оваа храна никако не смеете да ја ставате во микро.
Тврдо варени јајца
Не обидувајте се да варите јајца во микробранова печка бидејќи може да имате вистинска мала кујнска катастрофа. Имено, наглото зголемување на температурата во микробрановата создава голема количина на пареа кај јајцето која нема каде да избега, па тоа може да „експлодира“.
Замрзнато месо
Одмрзнувањето на месото во микробранова печка може да биде брзо, но обидете се да го избегнете овој процес. Во зависност од тоа каков вид на месо имате, потенките делови може да почнат да се варат додека подебелите делови може да останат замрзнати. Ако имате микробранова печка што не ја ротира храната, таа предизвикува топлината нерамномерно да се распредели. Затоа, најбезбедно е да го оставите месото да се одмрзне во фрижидер.
Месни производи
Содржат конзерванси кои им го продолжуваат рокот на траење, а овие конзерванси стануваат уште понездрави за организмот кога се загреваат во микробранова печка.
Пилешко
Салмонела често се наоѓа во месото, особено во пилешкото. Затоа е важно да се готви темелно за да се уништат сите бактерии. Микробрановата печка не може целосно и рамномерно да го зготви секој дел од пилешкото кое има поголема протеинска густина, па постои можност бактериите да го преживеат препаратот во микробранова печка.
Ориз
Неварениот ориз содржи мали бактерии кои можат да преживеат при готвење во микробранова печка. Во моментот кога ќе го извадите оризот печен во микробранова и ќе го оставите на собна температура, бактериите се размножуваат и може да предизвикаат стомачни проблеми.