Храна која содржи антиоксиданси, препишува министерот Филипче за загадениот воздух

Како активност која ја презема во превенција од аерозагадувањето Министерството за здравство денес ќе распише јавна набавка на 50.000 заштитни маски, кои ќе ги прекриваат носот и устата и ќе ги филтрираат загадените честички. Маските ќе бидат бесплатно дадени на хронично болните лица. На денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче ги посочи следниве мерки:
-Кога концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 100 микрограми на метар кубен во два последователни дена треба да се ограничи движењето и активностите на отворен простор посебно на децата, хронично болните, на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, на тие преживеале мозочен удар и сите кои професионалниот ангажман го извршуаат на отворен простор. Граѓаните треба да јадат храна која содржи антиоксиданси, зеленчук и овошје, а хронично болните редовно треба да ја земаат препишаната терапија.
Дополнувајќи дека се свесни за проблемот кој се провлекува со години во текот на зимските месеци и дека најпогодени се некои ризични групи на граѓани тој додаде:
– Доколку концентрацијата на ПМ честичките во воздухот надмине 200 микрограми на метар кубен ќе излеземе со дополнителни мерки, а во смисла на ослободување од работните обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронични болести, пред се белодробни заболувања, астма, лицата со преживеан миокарден инфаркт или мозочен удар и без оглед на возраста ќе дојде во предвид и реорганизирање на работното време.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.