Хрватска: парламентарни избори на 5 јули!

Хрватска: парламентарни избори на 5 јули!

Зоран Милановиќ денеска ги распиша парламентарните избори за 5 јули. Десеттиот состав на Саборот од независноста ќе се избере на 5 јули. Во странство ќе може да се гласа и ден претходно во претставништвата на Хрватска, односно амбасадите секаде низ светот. Познато е дека таа држава има голема и интегрирана емиграција.

Парламентот на Хрватска се состои од 151 пратеник.  Од нив 140 во десет изборни единици се бираат во Хрватска, потоа 3 се бираат од дијаспората, а 8 парламентарци се од  националните малцинства. Овие се бираат во 12-та изборна единица, која ја покрива целата држава.

Времето утре значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер

Интересно е дека никаде не видовме никој да се жали што избори ќе се оддржат во јуни, КОРОНАТА не се ни споменува како пречка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.