четврток, 12 ноември 2026
Најново

Хрватска повлекува храна за бебиња од пазарот поради зголемено присуство на бактерии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Хрватскиот државен инспекторат итно го повлече од пазарот производот „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), формула за бебиња, поради зголемено присуство на бактеријата Bacillus cereus. Како што соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH), одлуката е донесена врз основа на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, пренесе Индекс.хр“.

Повлекувањето се однесува исклучиво на пакувањето од 400 грама со следните спецификации:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Рок на траење: 17.05.2026 година

ЛОТ број: 111444865

Производител: Nutricia Export BV, Холандија

Според информациите објавени од хрватските медиуми, производот не е во согласност со регулативите на Европскиот парламент за безбедност на храна. Дистрибутер за Хрватска е компанијата „AWT International d.o.o.“.

Поврзани вести