четврток, 12 ноември 2026
Најново

ХРВАТСКА: РАСТ НА ИЗВОЗОТ И НА УВОЗОТ, ЗГОЛЕМЕН ДЕФИЦИТОТ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вредноста на хрватскиот извоз на стоки минатата година изнесуваше 23,9 милијарди евра, што е за 30,3 отсто повеќе во споредба со 2021 година, додека увозот е зголемен за 46,4 отсто, на 41,6 милијарди евра, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Посилниот раст на увозот од извозот се одрази и на надворешно-трговскиот дефицит, кој од 10 милијарди евра во 2021 година се искачи на 17,6 милијарди евра лани.  Според овие податоци, минатата година хрватските компании извезле стока во вредност од 16,4 милијарди евра во земјите членки на ЕУ или за 31,6 отсто повеќе од 2021 година.

Истовремено, вредноста на увезената стока од земјите членки на ЕУ е зголемена за 34,6 отсто, на 29,3 милијарди евра.Извозот во земјите кои не се членки на ЕУ се зголеми за 27,4 отсто, на 7,5 милијарди евра, додека во исто време има силен скок на увозот на стоки од земјите што не се членки на ЕУ, за 84,9 отсто, на 12,3 милијарди евра.

Поврзани вести